Избори за член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип
- На кандидатската листа се тројца јавни обвинители и тоа Златко Иванов, јавен обвинител од ОЈО Струмица, Јелена Колева Догазанска, јавна обвинителка од ОЈО Штип и Даница Монева, јавна обвинителка од Вишото јавно обвинителство Штип.
Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска спроведува избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип, со изборно место број 4.
Јавните обвинители на непосредни избори ќе избираат меѓу тројца кандидати и тоа Златко Иванов, јавен обвинител од ОЈО Струмица, Јелена Колева Догазанска, јавна обвинителка од ОЈО Штип и Даница Монева, јавна обвинителка од Вишото јавно обвинителство Штип.
Гласањето трае до 16 часот, по што Комисијата која ги спроведува изборите ќе треба да ги достави изборните материјали во Советот на јавни обвинители, каде ќе бидат сумирани резултатите. аа/са/
Фото: МИА архива