ИДФ тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах
- Израелската војска тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах Сухаил Хусеин Хусеини во Бејрут.
Тел Авив, 8 октомври 2024 (МИА) – Израелската војска тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах Сухаил Хусеин Хусеини во Бејрут.
Во соопштението се наведува дека Хусеини, кој раководел со логистиката на Хезболах и финансирањето на неговите различни единици, бил убиен во вчерашниот воздушен напад врз либанскиот главен град.
Израелската војска соопшти дека Хусеини бил и член на Советот за џихад на Хезболах, највисокото воено тело на милитантната организација, јави „Тајмс оф Израел“.
- Хусеини одигра клучна улога во трансферот на оружје меѓу Иран и Хезболах и беше одговорен за дистрибуција на модерно оружје меѓу единиците на Хезболах, надгледувајќи го и транспортот и дистрибуцијата на ова оружје, се вели во соопштението.
Хезболах се уште не ги коментира овие тврдења на израелската армија, пренесува Ал Џезира. јт/