ИДФ потврди дека нападнала училиште во Нусеират, но цел бил команден центар на Хамас
- Израелската армија (ИДФ) потврди дека извршила напад врз училиште во бегалскиот камп Нусеират, тврдејќи дека цел бил команден и контролен центар на Хамас
Тел Авив, 11 септември 2024 (МИА) – Израелската армија (ИДФ) потврди дека извршила напад врз училиште во бегалскиот камп Нусеират, тврдејќи дека цел бил команден и контролен центар на Хамас.
Според израелската армија комплексот се користел за планирање и изведување напади врз израелските сили во Појасот Газа и против Израел.
Во претходниот денешен напад на ИДФ загинаа најмалку девет лица, а меѓу нив има и деца. Се претпоставува дека бројот на жртвите ќе се зголеми. ми/
фото: МИА архива