• петок, 05 јули 2024

ИДФ: Никогаш не сме кажале дека нема да вршиме напади на југот на Газа

ИДФ: Никогаш не сме кажале дека нема да вршиме напади на југот на Газа

Тел Авив, 12 ноември 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) никогаш не рекоа дека нема да вршат напади во јужниот дел на Газа и дека се фокусирале само на северот, изјави портпаролот на ИДФ, потполковник Џонатан Конрикус.

„Во ниту една фаза не рековме дека нема да го нападнеме јужниот дел на Газа. Може да се случи да гаѓаме воени цели од важност во Газа... Рековме само дека ја фокусираме нашата главна борбена активност, нашите главни операции на север. Мислам дека е многу јасно, истакна Конрикус на брифинг, пренесува Тајмс оф Израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан