• петок, 22 ноември 2024

Зеленски им честиташе на лабуристите и на Стармер за победата на изборите во Велика Британија

Зеленски им честиташе на лабуристите и на Стармер за победата на изборите во Велика Британија

Киев, 5 јули 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им честиташе на Лабуристичката партија и на нејзиниот лидер Кир Стармер за победата на парламентарните избори во Велика Британија, наведувајќи дека очекува тие да работат заедно за изградба на меѓународниот мир и безбедност.

„Украина и Обединетото Кралство беа и ќе бидат сигурни сојузници во добри и лоши времиња. Ќе продолжиме да ги браниме и унапредуваме нашите заеднички вредности на животот, слободата и правилата на заснованиот меѓународен поредок“, напиша Зеленски на мрежата Икс.

Тој, исто така, му се заблагодари на британскиот премиер во заминување Риши Сунак за неговата цврста поддршка, истакнувајќи дека „Украина никогаш нема да ги заборави“ заедничките достигнувања, вклучително и потпишувањето на билатерален договор за соработка на полето на безбедноста. рп/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан