• вторник, 07 мај 2024

Игор Димески: На секое семејство сопствена централа за производство на електрична енергија

Игор Димески: На секое семејство сопствена централа за производство на електрична енергија

Тетово, 27 април 2024 (МИА) - Носителот на листата со кандидати за пратеници од ИЕ6 за Левица, Игор Димески во Тетово имаш средби со граѓани. Тој презентираше дел од мерките за кои се залага Левица во областа на енергетиката и економијата.

- Заштита на домашното производство преку протекциони мерки, национализација на сите дистрибутивни мрежи во Македонија, задолжителни полици за македонски производи во сите маркети, државна комерцијална банка за бескаматно наменско кредитирање, гарантирани цени за најосновните прехранбени намирници. Инвестирање и модернизација за земјоделието и субвенции за мотивирање на луѓето да останат да живеат на село, воведување на максимални каматни стапки, данок на експлоатација на компаниите, данок на екстра профит за компаниите во криза, напуштање на политиката на рамни даноци каде сиромашниот и милионер плаќаат ист процент на данок, истакна Игор Димески. 

Тој потенцира дека ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори се народни електрани.

- Народни електрани е автентичен проект на Левица кој на секое семејство ќе му обезбеди сопствена централа за производство на електрична енергија, ги решаваме високите сметки за електрична енергија, рече Игор Димески.

Средбите со граѓаните Левица ги одржа во центарот на Тетово. ас/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан