• понеделник, 24 јуни 2024

Иванов во Обединети Нации на состанок со помошникот генерален секретар на ОН Моратинос

Иванов во Обединети Нации на состанок со помошникот генерален секретар на ОН Моратинос

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединтите нации оствари билатерална средба со помошникот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос.
 
По средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, бил потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН.

-Договорот предвидува можност за заеднички проекти и активности во Македонија, но и во поширокиот регион. Со овој договор ,,Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите" од Скопје стана и официјален партнер на Организацијата на обединетите нации во целта за остварување на заедничките приоритети на оваа благородна идеја, се наведува во соопштението.
 
За време на посетата на САД, поранешниот претседател Иванов се обратил на панел на темата ,,Градење на Алијансата на цивилизациите во нарушени времиња" во рамките на 26-тиот состанок на високо ниво на Меѓународниот центар ,,Низами Ганџави".

Во својот говор претседателот Иванов се осврнал на потребата од конкретни акции преку кои би се реализирале целите на Алијансата во светот, но и во нашиот регион.

Во тој контекст Иванов ги посочил придобивките од главните проекти на Меѓународниот Центар „Алијанса на Цивилизациите” во Скопје, како што се Школата за Млади Лидери и Форумот за Културна Дипломатија. 
 
Дваесет и шестиот состанок на високо ниво на Меѓународниот центар ,,Низами Ганџави" се одржа во Њујорк од 19 до 21 септември на тема ,,Обликување на иднината: Обновување на мултилатерализмот". дма/аа/

Фото:Кабинет на поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов
 
 
 

Остани поврзан