• сабота, 13 декември 2025

ЗНАМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се огради од изјавата на Милошоски

ЗНАМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се огради од изјавата на Милошоски

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Пратеникот од Движење ЗНАМ, Павле Арсоски, денеска реагираше на изјавите на потпретседателот на Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој синоќа изрази сомнеж во квалитетот на работењето на министерот за правда, Игор Филков.

-Ставот на Движење ЗНАМ кон ваквиот отворен и брутален вербален напад врз личниот интегритет на еден од најуспешните министри во Владата на премиерот Мицкоски е следен: Антонио Милошоски е последниот кој има кредибилитет да држи лекции за правосудни стандарди. Го слушнавме како објаснува што би направил и што би реконструирал кога би бил премиер, изјави Арсовски, додавајќи: „Тој не е премиер, ниту бил, ниту ќе биде!“

Арсоски потсети на резултатите од осуммесечната работа на министерот Филков, меѓу кои нови закони за Судски совет, Совет на јавни обвинители и парнична постапка.

-Во интерес на Македонија и сите нејзини граѓани, да продолжиме посветено да работиме на реформските процеси кои се единствениот пат кон европска иднина, нагласи тој.

Арсоски потенцираше дека од ЗНАМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ, како што рече „во најкраток рок јавно да се огради од ставот на Милошоски“.ар/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан