• петок, 22 ноември 2024

Зимата и затворениот прстор значат поголема опасност од мувла

Зимата и затворениот прстор значат поголема опасност од мувла

Копенхаген, 19 септември 2024 (МИА) - Со доаѓањето на зимата и затворањето на домот заради задржување топлина, лесно се заборава на важноста на проветрувањето и спречувањето мувла. Неколку едноставни чекори може да помогнат да се спречи појава на мувла во куќата.

Застоен воздух води до влага и појава на мувла. За да се спречи ова, Питер Фолдбјерг - одговорен за дневна светлина, енергија и клима во затворен простор во данската компанија  „Велукс“ (VELUX), открива неколку практични и евтини совети. Според него, најдобро време за отворање прозорец коешто го намалува нивото на влажност во домот, се утрата и доцна навечер...

- Отворањето на прозорците веднаш по будењето и пред спиење може значително да го подобри квалитетот на воздухот во Вашиот дом. Ваквата вентилација не само што го спречува развојот на мувла, туку и ја изедначува температурата во спалната соба, овозможувајќи подобар и помирен сон, вели тој.

Стручњакот препорачува кратко проветрување од 10 до 15 минути - три до пет пати на ден.

- Разбирањето на секојдневните активности во домот што предизвикуваат загадување во затворениот простор - како што се готвење, чистење, туширање, палење свеќа, сушење алишта внатре, па дури и спиењето и дишењето - е клучно за решавање на проблемот. Овие активности може да доведат до мувла и влага во домовите со текот на времето, што ќе влијае на нашата целокупна благосостојба, вели тој.

Натаму, според наводите, сопствениците на куќи треба да се стремат кон енергетска ефикасност, со мерки како што се двојно застаклување и изолација на ѕидовите. Ваквите чекори значат намалување на трошоците за енергија, поефикасна заштита од студеното време и, следствено - помалку мувла.  си/

Фото: архива

Остани поврзан