• петок, 22 ноември 2024

Зендели: Комисијата за прашања на изборите и именувањата итно да одржи седница за член на ДИК

Зендели: Комисијата за прашања на изборите и именувањата итно да одржи седница за член на ДИК

27 јануари 2024 

Актуелната влада продолжува да ја држи во заложништво демократијата во земјата. Мнозинството СДСМ-ДУИ, нарушувајќи ги сите демократски и европски вредности на државата, сака целосно да ја држи под контрола и Државната Изборна Комисија, преку која се обидува да ги фалсификува парламентарни избори, оставајќи ја албанската опозиција без претставник во оваа Комисија.

Ова дејство, освен што не е европска и демократска, е исто дејство како во Србија, каде што последните избори се многу сомнителни, а пријателот на ДУИ, Александар Вучиќ е победник, но и како во Русија, каде Владимир Путин со диктатура ја држи власта.

Но, откако главниот што го блокира изборот на опозицискиот член во ДИК Талат Џафери повеќе не е претседател на Собранието, сакаме на власта да им дадеме уште една можност да докаже дека е проевропска како што сака да се „покаже„ а не проруска како што дејствува.

Бараме од претседателот на Собранието Јован Митревски, кој вчера при инаугурацијата изјави дека ќе работи во интерес на сите граѓани, итно Комисија за прашања на изборите и именувањатада одржи седница и за член на ДИК пред Собранието  да предложи кандидатот од албанската опозиција, г. Абдуш Демири. Со овој чин новиот претседател на Собранието ќе докаже дека работи во интерес на сите граѓани а не во интерес на ДУИ и власта која се обидува да ги манипулира изборите.

Митревски знае дека другиот кандидат е предложен од новоформираната партија, која се уште не излегла на избори и не нема добиено ниту еден глас, дури и дека е партија која е дел од власта, бидејќи нејзините кадри се наградени со директорски места, само пред некое време, веројатно, откако им направија услуга на ДУИ и на власта предлагајќи кандидат до ДИК.

Затоа денеска апелираме да  рефлектира и што поскоро да закаже  седница на соодветната Комисија и пленарната седница за гласање на кандидатот на албанската опозиција. Доколку новиот спикер на Собранието, Јован Митревски, ќе продолжи да го блокира овој процес, исто како Талат Џафери, тогаш ќе се докажат две работи. Дека ДУИ и СДСМ заедно се обидуваат да ја осакатуваат ДИК за да ги фалсификуваат изборите. И дека нивната коалиција оди кон воведување на земјата конкомунизам а не кон.

Исто така го известуваме и првиот човек на Собранието дека доколку во рок од неколку дена оваа право не го добива албанската опозиција, тогаш ќе продолжиме со бојкотот на работата на Собранието.

 

Фадил Зендели, пратеник

Движење Беса

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан