• понеделник, 22 јули 2024

Земјотрес од 5,2 степени регистриран во близина на брегот на грчкиот остров Крит

Земјотрес од 5,2 степени регистриран во близина на брегот на грчкиот остров Крит

Атина, 21 јули 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран изутринава во близина на брегот на грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според неговите податоци, епицентарот на земјотресот бил на 170 километри југозападно од градот Ираклион, каде живеат околу 137.000 луѓе.

Нема информации за повредени или причинета материјална штета. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан