• четврток, 21 ноември 2024

Захарова: Да се истражат заговорот на американските медиуми и политичари за да се скрие вистината за Бајден

Захарова: Да се истражат заговорот на американските медиуми и политичари за да се скрие вистината за Бајден

Москва, 21 јули 2024 (МИА) - Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, вечерва изјави дека по повлекувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден од претседателската трка, треба да има истрага за заговорот на американските медиуми и политичари, кои ги обвини дека „ја прикриле вистината за неговата психичка состојба“.

-Следниот чекор мора да биде истрага за заговорот на американските медиуми и политички кругови, кои ја криеја вистината за неговата ментална состојба, манипулирање со јавното мислење и дејствување во врска со една политичка партија, изјави Захарова, пренесоа руските медиуми.

Вечерва Бајден објави дека се повлекува од трката за реизбор и ја поддржа американската потпретседателка Камала Харис во трката за претседателски кандидат на Демократската партија. Тој рече и дека ќе остане претседател на САД до крајот на мандатот на 20 јануари 2025 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан