• четврток, 18 декември 2025

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината

Скопје, 17 јули 2025 (МИА) -Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотресот синоќа во 22 часот и 43 минути. вг/

Фото: МИА Архива

 

Тагови

Остани поврзан