• четврток, 20 јуни 2024

Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип - Велес

Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип - Велес

Свети Николе, 18 јуни 2024 (МИА) - Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип - Велес кај местото викано Овче Поле, бидејќи немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница".

Во моментов блокадата е тргната од едната коловозна лента и сообраќајот го регулираат полициски службеници. Блокадата ќе трае два часа.вдј/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан