Зеленски: Ќе разговарам само со Путин - и со ниту еден друг руски функционер
- Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска порача дека кога се во прашање мировни преговори, подготвен е да разговара единственио со рускиот лидер Владимир Путин и ниту еден друг руски функционер.

Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска порача дека кога се во прашање мировни преговори, подготвен е да разговара единственио со рускиот лидер Владимир Путин и ниту еден друг руски функционер.
Зеленски, зборувајќи на Минхенската безбедносна конференцијаистакна дека овој разговор ќе се одржи само откако Украина ќе постигне заеднички план со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери.
Тој додаде дека Трамп му го дал личниот телефонски број и му рекол дека може да му се јави во секое време. ссм/
фото: ДПА