Зеленски ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт-група
Киев, 2 септември 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт-група, што се обидува да воспостави мир во источна Украина, се наведува во декрет објавен на неговата веб-страница.
Благодарение на Контакт-групата, составена од претставници на Русија, Украина, ОБСЕ, водени се преговори на различни нивоа во рамки на Нормандиската четворка - Русија, Украина, Германија, Франција, јави Тасс.
Резултатот беше потпишување договор за патоказ за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, познат како договорот од Минск. бд/сд/