• петок, 22 ноември 2024

Зеленски: Русија победи во Грузија, а истото ќе го направи и во Молдавија

Зеленски: Русија победи во Грузија, а истото ќе го направи и во Молдавија

Киев, 30 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Западот треба да признае дека Русија победи во Грузија и дека е подготвена да го стори истото во Молдавија, освен ако не се напушти западната реторика против преминувањето на црвените линии од страна на Москва.

„Мораме да признаеме дека Русија засега победува во Грузија. Прво презедоа дел од Грузија, потоа ја сменија политиката, владата. А сега (Грузија) има проруска влада“, рече Зеленски во видео порака објавена денеска на англиски јазик.

Тој додаде дека Русија е „на пат“ да го стори истото во Молдавија. „И тие ќе го направат тоа, ако, се разбира, Западот не престане да зборува (против) преминувањето на црвените линии“, рече Зеленски. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан