• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски повика на посилен притисок врз Москва по новиот руски напад на Украина

Зеленски повика на посилен притисок врз Москва по новиот руски напад на Украина

Киев, 21 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, по новиот силен напад на Русија врз Украина, изјави дека „само заедничкиот притисок врз Москва, придружен со построги санкции и посилна одбранбена поддршка за Киев, ќе го отвори патот кон ставање крај на теророт и руското продолжување на војната“.

„Очекуваме вистински притисок врз Русија од САД, Европа и сите наши партнери. Тоа е она што ќе и овозможи на дипломатијата да функционира“, напиша Зеленски на мрежата Х.

Тој објави дека Русија ја нападна Украина во текот на ноќта и утрото со повеќе од двесте ударни беспилотни летала, а биле користени и наведувани воздушни бомби. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан