• сабота, 21 декември 2024

Зеленски: Партнерите на Украина треба да одлучат како го гледаат крајот на војната и глобалната позиција на Киев

Зеленски: Партнерите на Украина треба да одлучат како го гледаат крајот на војната и глобалната позиција на Киев

Киев, 8 октомври 2024 (МИА) – Украина им нуди на своите партнери да одлучат како го гледаат крајот на војната со Руската Федерација и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.

- Денеска го договорив распоредот на преговорите за една недела. Тоа се средби, преговори со многу партнери. Планот на нашата победа ќе им го претставиме на сите што можат да ја зајакнат Украина. Им нудиме на нашите партнери да одлучат како го гледаат крајот на оваа војна и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, како и заедничките чекори кои можат да доведат до тоа војната да биде на пат да заврши, рече тој во редовното видео обраќање.

Зеленски истакна дека го очекува извештајот на украинскиот тим кој моментално работи во Вашингтон, како и извештајот на врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, истакнувајќи дека ситуацијата е особено тешка на фронтот во Доњецк.

Како што беше претходно најавено, американскиот претседател Џо Бајден ќе претседава со следниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во формат Рамштајн, што ќе се одржи на 12 октомври во Германија. јт/

Остани поврзан