Здружението ,,Ж'та" објави повик за оценување ракии
- Здружението „Ж'та" од Кавадарци објави повик за оценување ракии, сите заинтересирани производители можат да достават мостри од своето производство до 23 октомври, а на најдобрите, наградите ќе им бидат доделени на 16 ноември, за кога е најавен вториот интернационален фестивал за ракии, „Тиквешка ракијада 2024".
Кавадарци, 17 септември 2024 (МИА) - Здружението „Ж'та" од Кавадарци објави повик за оценување ракии, сите заинтересирани производители можат да достават мостри од своето производство до 23 октомври, а на најдобрите, наградите ќе им бидат доделени на 16 ноември, за кога е најавен вториот интернационален фестивал за ракии, „Тиквешка ракијада 2024".
Како што најавија попладнево од Здружението, на агендата на Фестивалот што ќе се одржи во Вински музеј, се и музички хепенинг, дегустирање, запознавање и дружење на производителите на ракии.
- Нашето здружение на производители и мали дестилерини за жестоки алкохолни пијалоци, го организира овој настан во соработка со Локалниот Вински музеј за регион Тиквеш-Кавадарци, а под покровителство на градоначалникот и кавадаречката локална самоуправа. Натпреварот е за најдобри ракии произведени од регистрирани мали дестилерии и индивидуални производители, појаснија од „Ж'та".
Оттаму додадоа дека ќе има неколку категории за оценување.
- Лозова жолта стара до три години но и постара, лозова бела, мастика, овошни ракии од слива, дуња, кајсија, крушка, вишна, ликери, други ракии, траварици, џин, од други овошја. За над седум мостри од одреден тип ракии, се формира посебна категорија за оценување, рекоа од Здружението.свд/бт/
Фото: МИА архива