• четврток, 22 август 2024

Зголемени тензии и жртви по новите израелски воздушни напади во Либан

Зголемени тензии и жртви по новите израелски воздушни напади во Либан

Бејрут, 21 август 2024 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а 16 се повредени утринава во воздушни напади во Либан, соопшти Министерството за здравство на земјата, цитирано од ДПА.

Либанските безбедносни сили соопштија дека воздушните напади биле извршени во долината Бека - во близина на градот Баалбек во североисточниот дел на Либан, во близина на границата со Сирија. Областа се смета за упориште на либанското шиитско движење Хезболах.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападот ги погодил магацините за оружје на Хезболах и системите за воздушна одбрана.

Нападите беа проследени со секундарни експлозии, што според ИДФ значело дека на местото имало големо количество оружје.

Во одделен инцидент, соопшти ИДФ минатата ноќ, израелски авиони нападнале воени локации на Хезболах во јужен Либан како одговор на гранатирањето од областа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан