• недела, 30 јуни 2024

Зверев од работ на пораз до титула во Ченгду

Зверев од работ на пораз до титула во Ченгду

Ченгду, 26 септември 2023 (МИА) – Германскиот тенисер Александер Зверев ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 250 во кинескиот град Ченгду, иако беше на работ на пораз во денешното финале против Русинот Роман Сафјулин.

Рускиот тенисер беше на чекор да ја освои својата прва титула во премиерното АТП финале во кариерата, откако првиот сет го реши во своја корист со 7-6, а во вториот поведе со 2-0 во гемови.

Меѓутоа, Зверев се врати резултатски во натпреварот и во тајбрејк израмни на 1-1, а во третиот сет беше поуспешен со 6-3.

За Зверев ова е 21. титула во кариерата, а втора оваа година во која триумфираше и во Хамбург. ег/мс/

ФОТО: „Х“

Остани поврзан