За Кеси заинтересирани Арсенал и Тотенхем, Милан нема да го пушти за помалку од 40-50 милиони евра
- Фудбалерот за врска на Милан, Франк Кеси е интересен за врвните клубови во Премиер лигата.
Милано, 8 декември 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Милан, Франк Кеси е интересен за врвните клубови во Премиер лигата.
Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за услугите на 23-годишниот играч за врска од Брегот на Слоновата Коска.
Сепак, „росонерите“ најверојатно нема да го пуштат својот клучен играч дури и за 40-50 милиони евра, иако клубот можеше да го продаде играчот на лето за максимум околу 25 милиони.
Сега Миланезите и играчот преговараат за продолжување на договорот, кој се пресметува до летото 2022 година.
На 10 натпревари во Серија А оваа сезона, Кеси постигна четири гола и две асистенции. зс/