• понеделник, 23 декември 2024

За излез на Богородица и Дојран и за влез на Табановце се чека околу половина час

За излез на Богородица и Дојран и за влез на Табановце се чека околу половина час
Скопје, 25 јуни 2022 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Дојран за излез од земјава и на Табановце за влез се чека околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сп/

Остани поврзан