За една недела санкционирани 151 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
- ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 151 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалн
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 151 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
- Во периодот од 7 до 13 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 109 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 42 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.фф/дма/