• понеделник, 23 декември 2024

За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава

За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава

Скопје, 29 април 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 286 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан