Затворањето на воздушниот простор во Судан поради конфликтот продолжено до 15 август
- Исклучок ќе биде направен за летовите со хуманитарна помош и за евакуација, се наведува во соопштението на меѓународниот аеродром во главниот град Картум, објавено рано утринава.
Картум, 31 јули 2023 (МИА) - Суданската управа за цивилна авијација го продолжи затворањето на воздушниот простор на земјата поради конфликтот до 15 август, јавија британските медиуми.
Исклучок ќе биде направен за летовите со хуманитарна помош и за евакуација, се наведува во соопштението на меѓународниот аеродром во главниот град Картум, објавено рано утринава.
Воздушниот простор на Судан беше затворен за редовен сообраќај откако во земјата во средината на април избувна воен конфликт меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка. сд/
фото:МИА архива