• понеделник, 15 декември 2025

Заталкано зрно од огнено оружје оштети два објекта во Скопје

Заталкано зрно од огнено оружје оштети два објекта во Скопје

Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Заталкано зрно од огнено оружје оштетило два објекта во Скопје.

Како што информира МВР, првиот случај вчера бил пријавен во СВР Скопје. Е.Л.(37) од Скопје пријавил дека вчера околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот.

Во вториот случај исто така бил пријавен во СВР Скопје.  Б.С.(51) од скопското село Љуботел пријавил дека вчера околу 15:20 часот на подот во продажен објект на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот.

Полициски службеници од СВР Скопје ги подигнале зрната за понатамошна постапка. Полицијата презема мерки за расчистување на случаите. мд/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан