• недела, 22 декември 2024

Започнува реконструкција на улицата „Столтенбергова” пред Градскиот стадион

Започнува реконструкција на улицата „Столтенбергова” пред Градскиот стадион

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Како резултат од меѓуопштинската соработка на Општина Центар со Градот Скопје, денеска започна реконструкција на улицата „Столтенбергова” која ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар.

Од општинската прес-служба информираат дека градежните зафати на кои работи ЈП „Улици и патишта“ се одвиваат на потегот пред Градскиот стадион каде е вградена камена коцка, односно калдрма која со реконструкцијата ќе биде отстранета и на чие место ќе се постави нов алфалт слој.

-Денеска започнаа градежните зафати на потегот пред Градскиот стадион „Тодор Проески“ кој беше покриен со калдрма која со текот на времето беше оштетена и дотраена. Со овие реконструктивни зафати сета калдрма ќе биде извадена и ќе биде заменета со нов асфалтен слој. Со градежните зафати ќе го изедначат целиот круг околу градскиот стадион со што ќе се добие целина затоа што калдрма имаше единствено на локацијата каде сега се работи, истакна градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Од Општина Центар потсетуваат дека претходно во август со меѓуопштинска соработка со Градот Скопје беше реконструирана улицата „Славејко Арсов“ на Водно, каде бил поставен нов асфалт и нови рабници.

Од општината информираат дека ќе продолжат да вложуваат во инвестиции во инфраструктурата со цел, како што велат, да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот.фф/са/

Фото: Општина Центар 

Остани поврзан