• недела, 05 јануари 2025

Започна со работа 119-от Конгрес на САД, избор на спикер во центарот на вниманието

Започна со работа 119-от Конгрес на САД, избор на спикер во центарот на вниманието

Вашингтон, 3 јануари 2025 (МИА) - Во новиот 119. по ред состав на Конгресот на САД републиканците се соочени со проблеми околу изборот на спикер на Претставничкиот дом, иако нивната партија има контрола над Белата куќа и Сенатот.

Новини во  новиот состав на Сенатот се 53-те републикански места од 100, ѓто е помалку од 60 гласа неопходни за донесување на мнозинство од законите. Позицијата ја напушта сенатрот Мич Меконел, кој осумнаесет години беше на чело на републиканската фракција во Сенатот, и на негово место е избран Џон Тун, новиот лидер на републиканското мнозинство во горниот дом на Конгресот.

Со 219 добиени мандати, републиканците успееја да добијат мнозинство, но многу тесно, и во Претставничкиот дом. Демократите освоија 215. Овде, централна тема е изборот на спикер. Позицијата на Мајк Џонсон, актуелниот спикер, е раздрмана откако минатиот месец тој направи договор со демократите за продолжување на  финансирањето на владата.

Доволно е само двајца републиканци да гласаат против Џонсон за тоа да го загрози неговоит реизбор. Демократите се очекува да го номинираат Хаким Џефрис за свој кандидат за спикер, но најверојатно тој ќе остане пократок за неколку гласа.

Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД неделава на социјалните мрежи го подржа Џонсон за спикер на Претставничкиот дом, со зборовите „добар, трудољубив и религиозен човек“. Од друга страна, двајца конгресмени од конзервативното крило на партијата, Чип Рој и Томас Маси,  искажаа сомнежи околу лидерството на Џонсон, додека Стиве Бенон, сојузник и советник на Трамп, дури ги повика републиканците да го исфрлат Џонсон од раководството на партијата.

Пред две години, на почетокот на претходниот состав на Конгресот, во борбата за спикерското место  со слични проблеми се судри и републиканецот Кевин Макарти. Како резултат на внатрепартиските борби тој беше избран откако долниот дом гласаше за него 15 пати. кб/

Остани поврзан