• недела, 14 јули 2024

„Запознајте ја Преспа“, фестивал што ги поврзува трите страни на Езерото

„Запознајте ја Преспа“, фестивал што ги поврзува трите страни на Езерото

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - „Запознајте ја Преспа“, е насловен фестивалот што настана од иницијативата да ги поврзува луѓе од трите страни на Езерото. Овие три дена се реализира на неколку локации во Преспа, со добра музика, храна и дружење.

Фестивалот е кофинансиран од Европската Унија и се одржува под мотото - запознај го триаголникот на овој дел од светот преку музика, гастрономија и животот на локалното население, обединети заедно за европската перспектива на регионот.

- Преку фестивалот „Запознајте ја Преспа”, се запознавате со културното наследство на еден регион преполн со историски и културни локалитети, вклучувајќи антички цркви, манастири и археолошки локалитети. Регионот има неколку живописни села познати по својата традиционална архитектура и мирен амбиент. Музиката, гастрономијата и животот го формираат совршениот триаголник на регионот Преспа, порачуваат организаторите. бд/бак/

Фото: „Запознајте ја Песпа“

Остани поврзан