• понеделник, 23 декември 2024

„Дојди на трпезата - втор конгрес на Слоу Фуд Македонија

„Дојди на трпезата - втор конгрес на Слоу Фуд Македонија

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Во Битола денеска ќе се одржи Вториот национален конгрес на Слоу Фуд Македонија под мотото „Дојди на трпезата“.

Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженијата и групи кои се дел од Слоу фуд Македонија ќе присуствуваат на настанот на кој ќе се одредат приоритетите на организацијата и програмските определби на кои ќе се работи во следните четири години.

- Пораките од Конгресот ќе бидат врзани за новите генерации и нивното враќање кон природата. Императив и предизвик на Слоу Фуд Македонија се младите луѓе, возобновување со свежа енергија, поврзувањето на храната и иднината, агроекологија, агротуризам... Најважно од се е соочување со сериозноста на овој социолошки, културолошки и историски момент каде со дејствување, визија и позитивната перспектива ќе се делува инспиративно на заедници, ќе се гради, спојува и обединува околу заедничката мисија на Слоу фуд Македонија, велат организаторите. бак/

Фото: Слоу фуд

Остани поврзан