• понеделник, 23 декември 2024

Заменик министерката Трајков се сретна со специјалниот пратеник на Унгарија за Западен Балкан Золт Бунфорд

Заменик министерката Трајков се сретна со специјалниот пратеник на Унгарија за Западен Балкан Золт Бунфорд

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Македонија и Унгарија негуваат традиционално пријателство и партнерство. Нашата земја ја очекува поддршката од Унгарија за скоро отворање на преговорите со Европската Унија и изнаоѓање решение на спорот со Бугарија. Ова го истакна заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков на средбата со Золт Бунфорд, специјален пратеник на Унгарија за Западен Балкан и еден од најистакнатите поборници за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Трајков, како што соопшти нејзиниот Кабинет, ги истакнала досегашните достигнувања на нашата земја во делот на евроинтегративните процеси, опишувајќи ги како јасен доказ за посветеноста на нашата земја на патот кон ЕУ. Заменик министерката истовремено изразила благодарност за постојаната поддршка на Унгарија за нашите интегративни процеси.

 - Мисијата на нашата Влада е јасна и недвосмислена,  да ја забрза интеграцијата во ЕУ, одлучно да се бори против организираниот криминал и корупцијата, да ја зајакне граѓанската држава заснована на владеење на правото и да ја подобри економската и социјалната благосостојба на граѓаните,  истакнала Трајков по средбата со Бунфорд. 

Бунфорд ги пофалил досегашните активности на македонската Влада истакнувајќи ја посветеноста на реформските процеси. Од страна на специјалниот пратеник на Унгарија за Западен Балкан била потврдена посветеноста на Унгарија за зајакнување на стабилноста и економскиот развој на регионот.

Средбата дополнително ја потврдила заедничката заложба за унапредување на стратешките цели на Македонија во насока на европската интеграција. дма/цр

Фото: Кабинет на заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков

Остани поврзан