• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите

Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - На платото на УКИМ се одржа Заеднички час на студенти и професори во спомен на жртвите во пожарот во Кочани. Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет. Настанот закажан за точно напладне  беше одложен половина час поради силен дожд, а потоа почна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти со кој беше исполнет кампусот на УКИМ.

Со кратки говори на сочувство се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Студенти во редици чекаат да запалат свеќи за покој на загинатите во пожарот, да положат цвеќе и да остават пари за поддршка на семејствата во кутиите за донации пред Филозофскиот факултет. Донираните средства ќе бидат предадени на Црвениот крст. Пред Правниот факултет, пак, е отворена Книга на жалост.

Вакви собири напладне ќе се одржуваат и во наредните четири дена.

Претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски соопшти дека утре ќе се одржи на кампусот на техничките факултети, в среда на ПМФ, во четврток пред Педагошкиот факултет, а за петок ќе биде организиран марш низ Скопје или студентите и сите заинтересирани граѓани ќе се упатат кон Кочани.
Обраќањата на Ангелова и Јаневска накратко беа прекинати за да биде интервениграно со итна медицинска помош на студенти на кои им се слошило. хс/лв/

фото:МИА 

 

Остани поврзан