• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бугарско МЗ: Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Бугарско МЗ: Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Софија, 18 март 2025 (МИА) - Состојбата на 14-те повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна, соопшти бугарското Министерство за здравство на својата Фејсбук страница.

Осумте пациенти хоспитализирани во Универзитетската болница и медицинскиот центар Н.И.Пирогов се на механичка вентилација и остануваат на интензивна нега.

Според информациите од болницата во Варна, тројцата пациенти кои се кај нив се во тешка состојба, двајца се на механичка вентилација, а еден користи назална маска за третман со кислород.

Сериозна, но стабилна, е состојбата на пациентите во Универзитетската болница „Свети Георги“ во Пловдив. Нивното лекување продолжува на интензивна нега, се наведува во информацијата од Министерството за здравство на Бугарија.

Во Бугарија денеска е прогласен ден на жалост во спомен на жртвите во Кочани и солидарност со народот во С Македонија

Во повеќе бугарски градови се организирани крводарителски акции за настраданите во пожарот.са/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан