• петок, 22 ноември 2024

Заев: Граѓаните да не се грижат, има пари за здравството

Заев: Граѓаните да не се грижат, има пари за здравството
Скопје, 15 ноември 2020 (МИА) - Има доволно пари, пред сè за здравството, граѓаните треба да бидат спокојни за тоа. Секогаш може  да обезбедиме дополнително, со репрограм, со внатрешни ставки итн, веќе се ставени првите резерви зашто е извесно дека и во првиот квартал 2021 ќе имаме здравствена криза, рече премиерот Зоран Заев вечерва во дебатна емисија на МРТ за тоа дали буџетот за идната година ќе одговори на кризата. Заев истакна дека ова е најнепредвидливо време, скроен е буџет за да одговори на предизвиците, здравствениот и економскиот аспект од КОВИД-кризата, но истовремено таа да се искористи и како можност за рестарт на економијата. -Бизнисот, економијата работниците, синдикатите треба да бидат сигурни во својата земја дека е подготвена да им се најде на граѓаните, да ги помага компаниите, да ги зачуваат работните места, да вбризга пари секогаш на најсиромашните и најранливите зашто семејните буџети се погодени на сите, но најмногу патат најсироманшните. Солидарност мора да има во буџетот и најголемата ставка се 90 милијарди за социјални трансфери, што е моногу логично, а веднаш потоа се економските ставки со 70 милијарди, рече Заев. Министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека има неколку  ургентни цели -  здавството, потоа да се одржи економијата, како и важни приоритети - евроинтеграциите, владеење на правото, инвестиција во човечки ресурси кои ќе бидат двигатели на растот, додавајќи дека и со ребалансот најавиле консолидација и годинава да се поддржи задрвството и заздравувањето на економијата. Академик Абдилеменаф Беџети оцени дека буџетот е реално проектиран и рационално димензиониран според проекциите на Светска банка, ММФ и други релевантни институции. Предупреди дека има висока непредвидливост поради корона-кризата и, ако продолжи, може да има влијание на буџетскиот дефицит. На дебатата на која учествуваат економски експерти, професорката Никица Мојсовска посочи дека  планираниот буџет дава свежина и динамика за наредната година за постигнување повисоки стапки на економски раст. - Тој  е рационално и реално испланиран, но ќе треба да се види како ќе се имплементира, рече Мојсовска. Според неа, недостасува долгорочна стратегија за развој на државата. Професорот Трајко Славески забележа дека има висок буџетски дефицит и преоптимистички проекции, кои премногу се базираат на личната потрошувачка. Со Предлог Буџетот за 2021 година се планира раст на економијата во државава од 4,1 процент, буџетски приходи во износ од 212,6 милијарди денари и расходи од 247,5 милијарди денари, буџетски дефицит од 4,9 проценти од БДП, како и капитални инвестиции од 23 милијарди денари.хс/са/  

Остани поврзан