РКЕ: Подолг период работиме на комплементарен сет на мерки за заштита на потрошувачите
- Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) подолг период работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачи меѓу кои и на месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ, велат за МИА од регулаторното тело.

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) подолг период работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачи меѓу кои и на месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ, велат за МИА од регулаторното тело.
Како што посочуваат, овие механизми се дел од заедничкото делување со ресорното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста - потрошувачите кои се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата).
-РКЕ останува отворена и транспарента како и до сега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност без разлика дали се организирани формално или неформално. Овој сет на мерки ќе стапи во сила по завршување на сеопфатната експертска консултативна фаза и со Земак и Макосигре и сите засегнати страни, по што јавноста ќе биде детално запознаена со решенијата, изјавија од РКЕ за МИА.
Во просториите на РКЕ денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на инженери на Република Македонија на кој тие ги изнесоа своите ставов за фактурирањето на електричната енергија. вј/лв/
Фото: МИА архива