Заврши средбата меѓу премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче (видео)
- Во изјавата по средбата Филипче оцени дека разговорот бил конструктивен како и дека тие се договориле да бидат формирани работни групи кои ќе работат на реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството. Филипче не соопшти кога ќе има следна средба со премиерот.

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Во Владата заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.
Во изјавата по средбата Филипче оцени дека разговорот бил конструктивен како и дека тие се договориле да бидат формирани работни групи кои ќе работат на реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството. Филипче не соопшти кога ќе има следна средба со премиерот. ев/ац/