• петок, 22 ноември 2024

Заврши реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во село Саса

Заврши реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во село Саса

Македонска Каменица, 15 октомври 2024 (МИА) - Целосно е завршена реконструкцијата на доводниот цевковод од водоводот во Капетанско маало во село Саса, информираше денеска градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Реконструкцијата на водоводот, како што објави тој, е во должина од 470 метри.

- Со реконструкција на водоводот, со чиста и здрава вода за пиење, трајно се обезбедени околу петнаесетина домаќинства од оваа наша рурална планинска средина, истакна Атанасовски.

Општината, додаде, ќе продолжи со вакви и слични активности во приградските и руралните населби.

- Ги уверувам граѓаните, дека заедно и со посветено работење ќе продолжиме со унапредување на квалитетот на живот во сите наши населени места, како во урбаната средина, така и во сите приградски и рурални средини, додаде Атанасовски 

За реализација на овој проект од буџетот на општина Македонска Каменица се издвоени 422.116,оо денари, при што. како што напомена Атанасовски. е остварена заштеда од 275.582,оо денари. Дел од овие средства потенцираше дека во иднина ќе бидат искористени за реализација на други проекти за подобрување на условите за живот и во останатите средини во општината. вс/цр

Фото: Општина Македонска Каменица

Остани поврзан