• вторник, 09 јули 2024

Заврши акцијата на скопски „Водовод“ за отплата на долговите на рати без камата

Заврши акцијата на скопски „Водовод“ за отплата на долговите на рати без камата
Скопје 17 март 2022 (МИА) - За време на акцијата на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје за исплата на заостанати сметки на рати без камата, постигнати се 554 договори со физички лица во износ од 39.130.952 денари и 30 договори со правни лица во износ од 3.244.238 денари. Како што соопшти комуналното претпријатие на акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која траеше од 01.02.2022 до 15.03.2022 година, корисниците имаа можност да ги сервисираат своите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Во согласност со одлуката на Управниот одбор на претпријатието, физичките лица имаа можност за склучување на договори за исплаќање на долгот до најмногу 48 рати, а правните субјекти до 24 рати, во зависност од висината на долгот. Од оваа мерка беа изземени органите на државната и локалната власт, како и другите државни органи и институции кои вршат дејности од јавен интерес, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, основани од државата, општините и Град Скопје. сх/сп/

Остани поврзан