• петок, 22 ноември 2024

Завршена првата фаза од проектот „БорПрес“ за отворање на граничниот премин Маркова нога- Лемос 

Завршена првата фаза од проектот „БорПрес“ за отворање на граничниот премин Маркова нога- Лемос 

Атина, 24 јануари 2024 (МИА) – Првата фаза од проектот „БорПрес“ за отворање на граничниот премин Маркова нога -Лемос кај Преспа меѓу Северна Македонија и Грција е завршена, а се однесува на технички студии, студии поврзани со туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

Втората фаза од проектот предвидува изградба на објектите и ќе биде вклучен во втората програма Интерег за прекугранична соработка меѓу двете земји за периодот 2021-2027 година, додека првата фаза беше финансирана од програмата 2014-2020 година. 

Во првата фаза, во проектот беа вклучени Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, секторот за областа Македониа и Тракија од Министерството за внатрешни работи на Грција, грчката периферија Западна Македонија, како и организацијата за регионален развој на конкретниот регион АНКО. 

Од секторот за областа Македониа и Тракија од Министерството за внатрешни работи на Грција соопштија дека „учествуваа во корпоративната структура на проектот „БорПрес“, кој се однесува на созревањето на неопходните технички студии“. 

-За втората фаза што се однесува на изградбата на објектите, Министерствотого поддржа обезбедувањето одобрение за финансирање во висина од околу осум милиони евра во програмата за прекугранична соработка „Грција-Република Северна Македонија 2021-2027“, соопштија од надлежното грчко Министерство.

Во март 2019 година, тогашниот министер за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу го потпишаа договорот за отворање на граничен премин во Преспанскиот регион Маркова нога –Лемос, што е вон функција над половина век. ср/ац/

Остани поврзан