• недела, 22 декември 2024

Забранети прашања за прв состанок

Забранети прашања за прв состанок

Њујорк, 26 септември 2024 (МИА) - Љубовниот прв состанок понекогаш изгледа како „нагазна мина“ каде што не треба да се погреши. Американски стручњаци откриваат неколку прашања коишто треба да се избегнуваат кога првпат се среќавате со можниот иден партнер или партнерка.

Обично, првичните совети гласат: Изгледајте прибрано, но не премногу стегнато; откријте доволно за себе без да претерате... Ако, пак, некој е премногу сосредоточен да ја каже „вистинската работа“ - тоа може да го одвлече вниманието од целта на самиот состанок - да ја запознаете личноста спроти Вас... Американката Блејн Андерсон, основачка на блогот „Состаноци според Блејн“ (Dating by Blaine), говори за „правилата“ на првата средба.

- Освен финансиите, повеќето теми за разговор се прифатливи. Нема теми коишто се целосно забранети... Дури и вообичаените табу-теми може да се отворат на првиот состанок. А, можеби и треба, доколку мислењето на потенцијалниот партнер е важно за другиот. Политиката може да биде чувствителна тема, но ако сте навистина ревносни околу политиката и би излегувале само со некој што ги дели Вашите ставови, тогаш веројатно е подобро да го изнесете тоа на првиот состанок, наместо да чекате, вели таа.

Сепак, постојат неколку теми за разговор што треба да се избегнуваат... Следат прашањата што не треба да се спомнат.

„Што се случувало со претходните врски и состанувања?“

- Примамливо е да се праша за нечија последна сериозна врска, но ваквите прашања, едноставно - не се забавни. Единствената „категорија прашања“ за којашто би ги советувала самците да ја избегнуваат на раните состаноци, е онаа со „историјата на состаноци“, препорачува Андерсон.

„Дали сакаш да одите на друг состанок?

Грејс Ли, подучувачка за запознавање и состаноци од Њујорк, советува, наместо „да ги разработувате подробностите“ за втората средба додека сè уште сте на првата, да размислите во себе за натамошното излегување со таа личност.

- Планирањето втор состанок потоа е облик на додворување - тест на заемниот интерес. Затоа обично сакам да го оставам првиот состанок - отворен. Сакам да го оставам тој процес на планирање недопрен. Сега, една личност треба да преземе малку ризик, вели советувачката.

„Пијалаците беа добри - дали ни треба вечера сега?“

- Општо кажано, ако не сакате средбата да заврши, тоа е добар знак. Но, тоа не значи дека не треба да дозволите да се случи (крај на средбата, з.п.). Проблемот со „седумчасовниот“ прв состанок е тоа што го имате она лажно чувство дека сте навистина блиски - без да знаете дали тоа ќе биде трајни и натаму, со текот на времето. Ако и двајцата чувствувате силна поврзаност, можете да ја истражувате и на следните средби, советува Ли.

Според неа, колку добро и да се чувствувате, првиот состанок треба да заврши по вториот пијалак. Се чини, подобро е да остане нешто и за следната средба.  си/рп/

Фото: Фрипик

Остани поврзан