• среда, 20 ноември 2024

Забележан нов повторувачки сигнал од вселената

Забележан нов повторувачки сигнал од вселената
Њујорк, 11 февруари 2020 (МИА) - Мистериозен објект оддалечен 500 милиони светлосни години од Земјата ни испраќа сигнали секои 16 дена, а научниците сè уште не можат да го дефинираат изворот, пренесува „Њујорк пост“. Научниците досега забележале околу сто вида сигнали, од кои 10 се дефинирани како повторувачки. Последното откритие, многу веројатно, може да биде првиот вселенски сигнал на којшто ќе може да му се открие и зацртаната шема. - Ова е доста значајно. Може да нè одведе во посакуваната насока до коренот на овие повторувачки сигнали, изјави Данкан Лоример, астрофизичар од Универзитетот на Западна Вирџинија. Сепак, проф. Леон Острум од Холандскиот институт смета дека не се работи за вонземјани, оти така интервалот би бил побрз, а не секои 16 дена. си/ссм/

Остани поврзан