• среда, 03 јули 2024

Жител на Прилеп осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга

Жител на Прилеп осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга
Прилеп, 22 јуни 2022 (МИА) - Прилепчанец е осомничен за обид за убиство и прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка. На осомничениот веќе му е определен притвор до 30 дена. Како што соопштува Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот на 20 јуни, при семејно насилство во куќа на улицата „Дабничка“ во Прилеп, со умисла се обидел да ја убие неговата поранешна сопруга. Утрото на критичниот ден тој дошол во куќата во која живеела жртвата, влегол во просторијата каде спиела и прво почнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото. Во тој момент пристигнала нејзината мајка која се обидела да го оттргне, но осомничениот ја турнал. Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Потоа бил совладан од тројца соседи кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата. Јавен обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека постои опасност тој да побегне, да влијае врз сведоците и оштетените или да го реализира кривично дело во обид. Судијата при прилепскиот основен суд го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. ем/ки/

Остани поврзан