• четврток, 04 јули 2024

Во Македонска Каменица за утре закажано второто прскање против комарци

Во Македонска Каменица за утре закажано второто прскање против комарци

Македонска Каменица, 3 јули 2024 (МИА) - Во општина Македонска Каменица утре ќе биде спроведено второ теристичко третирање против комарци. Со прскањето, како што информираа од Општината, ќе биде опфатено централното градско подрачје, со вкупна површина од 200 хектари.

- Ги известуваме граѓаните дека во четврток, на 04.07.2024 година, во доцните вечерни часови ќе се изврши второто теристичко прскање против комарци. Прскањетое се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови, информираа од Општината.

Граѓаните што одгледуваат пчели, додаваат од Општината, потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци, како што се посочува во сооопштението, ќе се одложи за следниот поволен ден. вс/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан