• сабота, 23 ноември 2024

Средба на министерот Меџити со амбасадорот Мејдани

Средба на министерот Меџити со амбасадорот Мејдани

Скопје, 3 јули 2024 година (MИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска се сретнал со амбасадорот на Република Албанија во земјава Денион Меидани.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, на средбата било разговарано за важноста на силните врски меѓу двете држави, 

- Како две соседни држави, посебните односи биле и ќе останат стабилна основа за заеднички развој и напредок, стои во соопштението од МЖСПП. 

Министерот Меџити и амбасадорот Мејдани се заложиле за дополнително продлабочување на соседските и братските односи меѓу двете земји, а, како што се наведува, оваа заложба вклучува унапредување на партнерството во различни области, како што се туризмот, образованието, економијата и културата.

-Целта на оваа средба беше преку соработка да се создадат нови можности за да се донесат конкретни придобивки за двете земји. Тие уверија дека нема да недостига координација на активностите за обезбедување благосостојба на граѓаните, се вели во соопштението. ев/цр

ФОТО: МЖСПП

Остани поврзан