• понеделник, 01 јули 2024

Жителите од четирите општини од крајниот Исток се соочуваат со недостиг од мамоф

Жителите од четирите општини од крајниот Исток се соочуваат со недостиг од мамоф
Пехчево, 30 јануари 2021 (МИА) - Жителите од четирите општини од крајниот Исток се соочуваат со недостиг од мамограф. Во моментот иако со повремени проблеми единствено функционира мамографот во М.Каменица, додека единствениот мамограф во Пехчево каде прегледи вршеа пациентите од Берово, Делчево и Пехчево, веќе подолг период не работи.
Од пехчевскиот здравствен дом д-р „Иван Георгиев" информираат дека мамографот и тоа како им е потребен на пациентите од овие општини, најмногу заради фактот што порано термините за негово користење биле пополнети.
-Се работи за мамограф кој нема можност да биде поправен што го прави единствен од ваков вид во државата, бидејки не постои сервис што може да го поправи. Поради ова, во моментот термините за преглед на пациентите ги закажуваме во здравствената станица во Македонска Каменица, каде моментално работи единствениот мамограф за пациентите од Пехчево, Берово, Делчево и М.Каменица, информираа од здравствениот дом во Пехчево.
Во моментот во оваа установа, на оние кои имаат потреба од мамограф им се вршат рентгенолошки прегледи, а потоа како што додаваат од установата, доколку има потреба им се закажува термин за мамограф во М.Каменица или во други здравствени установи.
-Потребата од мамограф е голема, иако во овој период поради Ковид-19 е помал бројот на пациенти кои доаѓаат на прегледи, бидејки се плашат да ја посетат установата. Порано пациентите си ги правеа редовно контролите, бидејки на возраст од над 45 години и повеќе, оние пациенти со предиспозиции почесто треба да прават прегледи, исто како и за пациентите со дијагностициран карцином на рак на дојка, додадоа од Здравствениот дом во Пехчево.
Дополнија дека мамографот во Пехчево е набавен во 2013 година и функционирал успешно до пред две години.вс/бт/

Остани поврзан