• сабота, 16 ноември 2024

Ерменските авиокомпании додадени на црната листа на ЕУ

Ерменските авиокомпании додадени на црната листа на ЕУ
Брисел, 2 јуни 2020 (МИА) – Европската Комисија ја ревидираше црната листа на авиокомпании, кои имаат забрана за летање на територијата на ЕУ, на која се додадени сите авиокомпании од Ерменија, јави дописничката на МИА од Брисел. Црната листа ги содржи сите авиокомпании кои не ги исполнуваат меѓународните критериуми за безбедност. Одлуката да се додадат сите ерменски авиокомпании следува по сослушувањето на ерменската комисија за цивилно воздухопловство, како и на шест ерменски авиокомпании. На црната листа се додадени и авиопревозници од Конго Бразавил, од Демократска Република Конго, Киргистан, Либија, Непал и Сиера Леоне. - Одлуката да се додадат ерменските авиопревозници е донесена едногласно по мислење на Комитетот за воздухопловна безбедност. Европската Комисија останува на располагање за соработка и инвестирање во Ерменија за да ја подобри својата авио-безбедност, изјави еврокомесарката за транспорт, Адина Валеан. По денешната одлука од сега 90 авиокомпании, шестнаесет земји се забранети во ЕУ поради недоволно безбедна контрола од страна на воздухопловните власти во тие земји. Шест индивидуални компании се на црната листа – Авиор Ерлајнс од Венецуела, Блу Винг Ерлајнс од Суринам, Иран Асеман Ерлајнс, Ираки Ервејс, Медвју Ерлајнс од Нигерија и Ер Зимбабве. За три компании се воведени оперативни рестрикции и смеат да летаат во ЕУ само со одредени авиони, станува збор за Ер Сервис Коморес, Иран Ер и Ер Корио од Северна Кореја. тм/гт/

Остани поврзан