• недела, 05 мај 2024

Ердоган: Турција нема повеќе интензивни трговски односи со Израел

Ердоган: Турција нема повеќе интензивни трговски односи со Израел

Анкара, 24 април 2024 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, на заедничката прес-конференција со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмајер, истакна дека Анкара сега нема интензивни трговски односи со Израел.

- Повеќе не одржуваме интензивни трговски односи со Израел, тоа е готово. Мојот министер за надворешни работи тоа неодамна го соопшти, посочи Ердоган.

Тој додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја загрозува безбедноста на целиот регион, вклучувајќи ги и неговите граѓани, само за да го продолжи својот политички опстанок“.

Не треба да дозволиме напорите на израелската администрација да ги отстрани од дневен ред злосторствата против човештвото и масакрите што ги извршија во Газа. Ќе продолжиме со зголемените напори да обезбедиме прекин на огнот и непречена испорака на хуманитарна помош за палестинскиот народ во Газа, посочи Ердоган.

Тој побара поголема поддршка и солидарност од германските власти во борбата против тероризмот.

Ердоган говорејќи за трговските односи помеѓу Турција и Германија наведе дека обемот на трговската размена сега изнесува 50 милијарди долари.

- Се надеваме дека Турција и Германија од сега ќе разговараат за проекти за заедничко производство, а не за препреки, особено во областа на одбраната. Сакаме да ги отстраниме од дневен ред ограничувањата со кои се соочуваме во одбранбената индустрија, истакна Ердоган. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан