• четврток, 16 мај 2024

Ентони Блинкен идната недела оди во посета на Филипини

Ентони Блинкен идната недела оди во посета на Филипини

Вашингтон, 15 март 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен идната недела оди во посета на Филипини откако неделава оваа земја ја посети министерот за трговија на САД Џини Рајмондо.

Посетата доаѓа во заднина на тензиите меѓу Филипини и Кина во споровите во Јужнокинеското Море.

-Државниот секретар Блинкен оди во Манила за да ја потврди нашата нескршлива привразност со филипинските сојузници и да помогне во воспоставување на мир и безбедост во Јужнокинеското Море, изјави денеска портпаролот Метју Милер.

Посетата на државниот секретар ја истакнува важноста на нашите цврсти билатерални врски кои веќе 75 години играат значајна улога во промоцијата на нашите споделени гледишта за слободниот и отворен, заемно поврзан, просперитетен, безбеден и живоспособен Индиско-тихоокеански регион, изјави Милер.

Министерката за трговија неделава во Манила изјави дека САД планираат да инвестираат повеќе од една милијарда долари во технолошкиот сектор на Филипини и да се помогне во дуплирањето на производството на полупроводници во земјата.

Блинкен идната недела првин оди во Виена да учествува на заседание на Комисијата на ОН за наркотички средства а потоа ќе направи пауза во Сеул, каде се одвива Самит за заштита на демократиите. кб/

Остани поврзан